Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Еврокод 7, геотехничка пресметка, пресметковна постапка, парцијални коефициенти, избор


Year: 2014


Type: Article



Title: „Гранични услови“ за изработка и можен предлог за национален анекс на Еврокод 7


Author: Dimitrievski, Ljupcho
Author: Papić, Jovan



Abstract: Еврокод 7 се однесува на геотехничкото инженерство, при што делот 7-1 го покрива геотехничкото пресметување, а 7-2 теренските и лабораториските испитувања. Но неговата подготовка, поради варијации на географските, геолошките и климатските услови коишто го предизвикале развојот на нетипизирани локални начини на пресметка, била отежната и посложена отколку кај другите еврокодови, од каде произлегол поинаков формат на еврокод. Имено, во Еврокод 7-1 се понудени три различни пресметковни постапки, како и комплети на парцијални коефициенти што треба да се применат во нив. По прифаќањето на Еврокод 7 секоја земја треба да донесе уште две важни одлуки поврзани со изборот на постапката според која би се вршело димензионирањето на геотехничките конструкции и со дефинирањето на соодветни парцијални коефициенти. Во овој труд се прикажани условите коишто морало да се испочитуваат при правењето на овие избори за Р. Македонија.


Publisher:


Relation: Четврти симпозиум на ДГМ



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1536
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1536



TitleDateViews
„Гранични услови“ за изработка и можен предлог за национален анекс на Еврокод 7201415