Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2018


Type: Article



Title: Правни и економски аспекти на криптовалутите


Author: Zafiroski, Jovan



Abstract: Воведувањето на нови технологии при плаќањата повторно ја отворија и дебатата за поимот на парите и нивното дефинирање. Истиснувањето на готовината како средство за плаќање ја смени сликата за парите, додека појавата на криптовалутите отвори нови поглавја во монетарното право. Како средство за плаќање криптовалутите не се производ на ниту една држава односно централна банка. Од една страна, тоа претставува неограничена можност за пазарот и за иновативност во развојот на алтернативни средства за плаќање, но од друга страна, постои и опасност за постојниот монетарен поредок во кој централна улога има државата односно централната или емисиона банка. Криптовалутите се предизвик и за монетарните власти кои преку монетарната политика ги остваруваат нивните цели поврзани пред се’ со стабилноста на цените и доброто функционирање на финансискиот систем. При нивното користење постојат бројни предности во однос на традиционалните пари како што се тајноста, брзината и ниските трансакциони трошоци, но и бројни ризици поврзани со отсуството на регулатор или институција која со својот авторитет ќе стои позади трансакциите, како и можноста преку нив да се финансираат и плаќаат стоки и услуги кои се дел од нелегални активности. Според многумина, криптовалутите како децентрализиран инструмент за плаќање се иднината односно правецот во кој ќе се развива системот за плаќања. Како и при секоја „револуција“ правната рамка од претходниот систем не е подготвена да одговори на потребите на новото време. Овој труд е скромен обид да се анализираат правните и економските прашања поврзани со употребата односно појавата на криптовaлутите.


Publisher: Охридска школа на првото


Relation: 4-th International Scientific Conference 10-13 May 2018 Ohrid



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/15343
Identifier: 978-608-66152-2-2
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15343
Identifier: http://www.iuridicaprima.mk/content/files/Zbornik_7_final_so_korica.pdf



TitleDateViews
Правни и економски аспекти на криптовалутите201823