Home | Repositories | Statistics | About



Subject: правда, спроведливост, право, правна наука


Year: 2017


Type: Article



Title: Правдата и справедливоста како вредносни принципи на правото


Author: Галев, Гале
Author: Здравева, Неда



Abstract: Предмет на овој труд, пред сè, е правдата како вредносен принципи на правото, но и на справедливоста како нејзин конкретизиран вид. Поаѓајќи од вака определениот предмет, акцентот во него и е ставен на принципот на правдата, третиран од претставниците на натуралистичката теорија како критериум за определување на правноста на општествените односи и нормите со кои тие се уредени. Како пандан на ова, во трудом, е изнесено и гледиштето на претставниците на легалистичката, односно нормативис тичката теорија на правото. Според нив правдата, но и справедливоста како нејзин конкретизиран вид или пошироко природното право како вред носни категории се без какво било влијание врз правноста на општествени ме односи и врз нормите на позитивното право. Наспроти нив, според наму ралистите, правдата не само што е вредносен критериум туку без неа не може и да се зборува за правото. Авторите на овој труд го споделуваат своето мислење токму со ваквото гледање на правдата. Тоа, според нив, е и најприфатливото гледиште за категориите правда и справедливост. Имајќи ја предвид тесната интеракциска поврзаност и условеност на правото vis ä-vis правдата и справедливоста, тие, сакајќи ова што појасно да го изра зам, нив во трудот ги гледаат како "нераздвојно правно тројство", исто како што во христијанското верување се отецот, синот и светиот дух, како „свето тројство."


Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје


Relation: Евроинтеграција на општествениот, правниот и политичкиот систем на Република Македонија



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/14254
Identifier: 0583-5062
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/14254



TitleDateViews
Правдата и справедливоста како вредносни принципи на правото201715