Home | Repositories | Statistics | About



Subject: евиденцијалност, минато време, превод, Хроника на една најавена смрт


Year: 2019


Type: Article



Title: За употребата на минатото определено и минатото неопределено време во преводот на делото „Хроника на една најавена смрт“


Author: Михајловиќ-Костадиновска, Сања



Abstract: Во овој труд се осрнуваме на начинот на изразување на евиденцијалноста и можностите за превод на минатите времиња од шпански на македонски јазик, преку примери од преводот на македонски јазик на „Хроника на една најавена смрт“ од Габриел Гарсија Маркес. Најпрво се задржуваме на некои основни употреби на минатото определено и минатото неопределено време и на начините на предавање засведочени или прекажување незасведочени дејства во македонскиот јазик, што во случајот со делото на Маркес се од особена важност, а потоа укажуваме и на други модални употреби, како и на различните толкувања што може да произлезат од изборот на одредено минато време во јазикот-цел.


Publisher: Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.


Relation: XLV меѓународна научна конференција на LI летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/13618
Identifier: Михајловиќ-Костадиновска, С. (2019). „За употребата на минатото определено и минатото неопределено време во преводот на делото ‘Хроника на една најавена смрт’.“ во зборник на трудови од XLV меѓународна научна конференција на LI летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, стр. 249-265. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/13618



TitleDateViews
За употребата на минатото определено и минатото неопределено време во преводот на делото „Хроника на една најавена смрт“201922