Home | Repositories | Statistics | About



Subject: неологизми, Мартин-Сантос, „Време на тишината“


Year: 2020


Type: Article



Title: Неологизмите во романот „Време на тишината“ и можностите за превод на македонски јазик


Author: Михајловиќ-Костадиновска, Сања



Abstract: Романот „Време на тишината“ е еден од стожерните шпански романи на XX век. Неговиот автор, Луис Мартин-Сантос, психијатар по професија, зад себе оставил мал број книжевни дела со оглед на неговата прерана смрт, но овој роман, несомнено ќе го смени текот на шпанската повоена книжевност, потоната во зачмаеноста на социјалниот реализам. Во овој труд нема да се осврнеме на книжевните аспекти на ова дело, кои биле предмет на многубројни проучувања и поради кои Мартин-Сантос го заслужил епитетот „шпанскиот Џојс“, туку делото ќе нè интересира од лингвистички аспект. Покрај различните наративни техники, карактеристични за експерименталниот роман, клучната револуција на овој роман се состои во иновациите на стилистички план: латинизми, англизми, жаргонизми, зборови од медицинската терминологија, иронични и саркастични неологизми. Во нашето истражување ќе се задржиме токму на неологизмите од различен тип во ова дело, со цел да увидиме какви зборообразувачки можности постојат во македонскиот јазик за нивен превод, при што ќе се служиме со македонското издание од 2015 година, но ќе понудиме и наши решенија.


Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура


Relation: XLVI меѓународна научна конференција на LII летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/13617
Identifier: Михајловиќ-Костадиновска, С. (2020). „Неологизмите во романот време на тишината и можностите за превод на македонски јазик.“ во зборник на трудови од XLVI меѓународна научна конференција на LII летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, стр. 210-230. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/13617



TitleDateViews
Неологизмите во романот „Време на тишината“ и можностите за превод на македонски јазик202029