Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Генерација на 1927-та, Лорка, Алберти, рецепција, македонска поезија.


Year: 2020


Type: Article



Title: Рецепцијата на генерацијата на 1927-та во Македонија


Author: Михајловиќ-Костадиновска, Сања
Author: Поповски, Игор



Abstract: Во овој труд ќе се осврнеме на една од најзначајните генерации поети во шпанската книжевност – Генерацијата на 1927-та – и на нејзината рецепција во македонскиот контекст. Откако најпрво ќе направиме што е можно поисцрпен попис на припадниците на оваа Генерација и ќе ја контекстуализираме нивната појава, ќе се задржиме на преведените дела од одделни автори и застапеноста на најпознатите поети во антологиските прикази, при што ќе ја констатираме недвосмислената предност на Федерико Гарсија Лорка, како еден од најзначајните претставници на оваа Генерација и на Рафаел Алберти, кон кого поинтензивно ќе се сврти интересот по добивањето на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. Што се однесува на влијанијата врз македонската поезија, највидливи се врските меѓу Лорка и Матеја Матевски, но, секако, и други македонски поети и писатели се инспирирале од трагичната судбина на овој шпански поет и не останале рамнодушни на неговиот врвен поетски глас.


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“


Relation: Јазици, книжевности, култури: образовни политики во функција на современото општество на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/13615
Identifier: Михајловиќ-Костадиновска, С. и Поповски, И. (2020). „Рецепцијата на генерацијата на 1927-та во Македонија“, Аналогии и интеракции во романистичките проучувања, стр. 341-361. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.
Identifier: 978-608-234-072-2
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/13615



TitleDateViews
Рецепцијата на генерацијата на 1927-та во Македонија202027