Home | Repositories | Statistics | About



Subject: спитц невус
Subject: дермоскопија
Subject: детство


Year: 2019


Type: Article



Title: АТИПИЧЕН СПИТЦ НЕВУС ВО ДЕТСКА ВОЗРАСТ


Author: Силвија Дума
Author: Ѓорѓе Џокиќ
Author: Христина Брешковска



Abstract: Спитц невус претставува ретка меланоцитна неоплазма на епителоидните или врететеновидните клетки. За прв пат опишан во 1948 год.од страна на Софи Спитц (американски патолог) како” јувенилен меланом “специјална форма на бенигна меланоцитна лезија. Поради различноста во презентација на клиничката слика како и тешката хистолошка дистинкција на дијагнозата ,сеуште не постои козензус или водич базиран на докази за третманот.Пристапот е индивидуален и се третира секој случај засебно. Во трудот презентираме женско дете на возраст од 4 години ,со појава на на пигментирана нодуларна лезија на десниот образ забележана неколку месеци после раѓањето.Лезијата бележи постојан раст кој се интензивира во последните шест месеци.Исто така дермоскопскиот наод дава податок за промена на колоритетот на лезијата. Спроведена е хируршка екцизија ин тото,како и хистолошко и имунохистохемиско иследување,кој ја потврдуваат дермоскопската дијагноза Спитц невус. Редовното дермоскопско следење,како и хистолошката и имунохистохемиската дијагноза се основата на рано дијагностицирање и диференцирање на Спитц невусот од Спитцоидниот меланом.


Publisher: Association of the Albanian Doctors from Macedonia


Relation: Medicus



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/12642
Identifier: 1409-6366
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12642



TitleDateViews
АТИПИЧЕН СПИТЦ НЕВУС ВО ДЕТСКА ВОЗРАСТ201917