Home | Repositories | Statistics | About



Subject: ХБО
Subject: дијабет
Subject: дијабетични лезии
Subject: гликоза во серум


Year: 2012


Type: Article



Title: Влијанието на ХБО терапијата врз брзината на заздравувањето на раните кај пациенти со дијабетично стапало


Author: Туџарова- Ѓоргова Смиља
Author: Брешковска Христина
Author: Здравковска Милка



Abstract: Хипербарната оксигенотерапија претставува адјувантен третман кој се користи во лекувањето на голем број заболувања. Особено добри резултати, со скратување на времето на заздравување на раните, се постигнува по третманот со ХБО кај пациенти со дијабетични улцерации. Нашето двегодишно искуство покажа редуцирање на потребата од хируршки интервенции, како и намалување на процентот на ампутации на екстремитетите. Целта на трудот беше да се процени ефектот на кислородот под притисок врз степенот на епителизација на улцерацијата, како и влијанието на нивото на гликозата во крвта и крвниот притисок врз зараснувањето на раните кај пациенти со дијабет. Основната група испитаници се состоеше од две групи: Група А ја сочинуваа 36 пациенти на возраст од 25-70 години, со основно заболување дијабет и лезии на екстремитетите со дијаметар поголем од 2 цм, кои беа лекувани со ХБО и преврска. Група Б ја сочинуваа 10 пациенти кои имаа основна болест дијабет со дијабетични лезии на екстремитетите со дијаметар поголем од 2 цм. Пациентите беа хируршки лекувани, како и со третман со ХБО и со преврска. Контролната група испитаници (Група В) ја сочинуваа 30 пациенти со основно заболување дијабет и со почетни кожни црвенила со дијаметар до 1 цм. Тие беа амбулантски третирани само со преврска. Кај сите испитаници беа направени следните анализи пред третманот: рдг на белите дробови, ЕКГ, гасни анализи пред и по секоја терапија. Беше мерено нивото на гликоза во крвта и систолниот и дијастолниот крвен притисок. Добиените резултати покажаа дека кај 75% од пациентите со ХБОТ настапи комплетна епителизација, се намали нивото на гликоза во крвта по третманот. ХБОТ предизвика сигнификантно покачување на систолниот и дијастолниот крвен притисок во случаи каде базалниот притисок не беше добро регулиран и изнесуваше над 150/90.


Publisher: Институти-Медицински факултет,Скопје


Relation: Physioacta



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/12607
Identifier: 1857-5587
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12607



TitleDateViews
Влијанието на ХБО терапијата врз брзината на заздравувањето на раните кај пациенти со дијабетично стапало201215