Home | Repositories | Statistics | About



Subject: жени; закони; канони; императорки; црковни расправи; молчење


Year: 2016


Type: Journal Article



Title: Молкот на жените во Византија помеѓу каноните и реалноста


Author: Атанасовски, Александар



Abstract: Предмет на нашето истражување е молкот на жените во средниот век, со посебен акцент на молкот на жените во Византија, или поточно колку во реалноста се придржувале до канонската одредба за тоа дека жената треба да молчи пред мажот во црква? Да бидеш роден како маж или жена во кое било општество не претставува само обичен биолошки факт. Тоа е биолошки факт со социјални импликации. Жените сочинуваат посебна социјална група, а карактерот на таа група, што историчарите долго време го занемарувале, нема ништо заедничко со женската „природа“. Проблемот лежи во самата природа на општеството и сфаќањето за жената, за која законските одредби и историските извори зборуваат од посебен аспект-машкиот поглед на свет. Мажите имале законска самостојност и право јавно да зборуваат, што на жените им било или забрането или допуштено со негодување. Мажите ја поседувале моќта, па според тоа, нашите извори главно зборуваат за нив. Особено е тешко да се наѕре под површината на средниот век за да се осознае животот на поскромните членови на општеството. Токму затоа, нашето внимание е насочено кон податоците за жените од владетелските фамилии, императорките, колку за нив важеле одредбите за молчење и како некои од нив се впуштале во дискусии по одредени верски прашања, а нивните мислења довеле до значајни одлуки кои што имале битно влијание на настаните во Византија. Сите Византијци кои сочувале податоци за својата цивилизација (историчари, правници или составувачи на житија) биле мажи и нивните списи се посветени на дејноста на нивните машки колеги, тој факт го отежнува нашето истражување и затоа ќе се повикаме на законските одредби од византиското законодавство.


Publisher: Филозофски факултет, Скопје


Relation: Годишен зборник на Филозофскиот факултет



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1258
Identifier: Александар Атанасовски (2016). „Молкот на жените во Византија помеѓу каноните и реалноста“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет 69, стр. 73–86.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1258



TitleDateViews
Молкот на жените во Византија помеѓу каноните и реалноста201626