Home | Repositories | Statistics | About



Subject: социјална инклузија, интеракција, семејство, наставници, врсници


Year: 2015


Type: Journal Article



Title: Социјална инклузија на децата со интелектуална попреченост и децата со церебрална парализа


Author: Чичевска Јованова, Наташа
Author: Рашиќ Цаневска, Оливера



Abstract: Интегритетот на личноста на човекот е основа на неговиот општествен статус, па поради тоа без обѕир на развиеноста на општеството, поединецот води перманентна битка за негова афирмација и егзистенција. Битката на социјализација, процес на интеракција во која новиот член во општествената заедница усвојува знаења, вештини, навики, норми, вредности и други сознанија што се неопходни за успешно интегрирање во општествената група или во пошироката заедница е многу потешка и подолготрајна за лицата со различен степен и вид на инвалидност. Целта на нашето истражување беше да се утврдат взаемните односи во семејството како и во средината, со врсниците, наставниците и некои лични особини како: дружељубивост, доминантност и љубопитност на децата со интелектуална попреченост и децата со церебрална парализа. Применувајќи ги каузалниот и методот на дескриптивна анализа, техниката на тестирање и тестот на Рене Жил за испитување на социјални и семејни односи, беа собрани податоците од примерок составен од 12 деца со церебрална парализа на возраст од 5 до 20 години и 28 деца со лесна интелекутална попреченост на возраст од 7 до 20 години. Податоците беа табелирани и статистички обработени со примена на хи- квадрат тестот. Анализата на резултатите посочи дека двете групи на испитаници на помала возраст се повеќе приврзани за мајката, но во подоцнежниот период преовладува поврзаноста на момчињата со таткото и копирањето како модел, од останатите групи се забележува поголема приврзаност кон наставникот. Разлика помеѓу групите се забележува во дистанцираноста и адекватното социјално однесување, кај момчињата со интелектуална попреченост и девојчињата со церебрална парализа се забележува поголема дистанцираност и адекватно социјално однесување. Можеме да заклучиме дека двете групи не се приспособени во целост кон луѓето и средината која ги опкружува.


Publisher: Филозофски факултет, Скопје


Relation: Ревија за социјална политика



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1229
Identifier: Чичевска-Јованова Н., Рашиќ-Цаневска О. (2015). Социјална инклузија на децата со интелектуална попреченост и децата со церебрална парализа. Ревија за социјална политика. 8 (11/2): 509-522
Identifier: 1857-6052
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1229
Identifier: UDK:364-25-056.34-053.2



TitleDateViews
Социјална инклузија на децата со интелектуална попреченост и децата со церебрална парализа201519