Home | Repositories | Statistics | About



Subject: авторство, договор за филмско дело, филмско дело


Year: 2017


Type: Article



Title: Авторскоправна заштита на филмските дела: со посебен осврт на договорот за филмско дело


Author: Дабовиќ Анастасовска, Јадранка, Гавриловиќ, Ненад



Abstract: Во трудот се зборува за авторството на филмското дело и договорот за филмско дел,о како две неразделни и особено значајни прашања во современото авторскоправно законодавство, како домашно така и компаративно. Најпрво е разгледан поимот филмското дело, а особено некои терминолошки разлики околу неговиот назив. Прашањето за авторството на филмското дело е анализирано како од аспект на доволната социјална поткованост на решенијата на Законот за авторското право и сродните права за кругот на коавтори и автори на придонеси, така и од аспект на определувањето на кругот на лица со кои филмскиот продуцент треба да склучи договор за филмско дело. Особено внимание е посветено на односот помеѓу овие лица во светлото на економската моќ на продуцентот и неприкосновеното право на авторот на креациите на неговиот интелектуален труд.


Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“


Relation: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во чест на Марјан Марјановски, том 56



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/12286
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12286



TitleDateViews
Авторскоправна заштита на филмските дела: со посебен осврт на договорот за филмско дело201715