Home | Repositories | Statistics | About



Subject: нечесни клаузули, потрошувачи, правни средства, право на ЕУ, ништовност


Year: 2016


Type: Article



Title: Модалитети на правната заштита на потрошувачите од нечесните договорни клаузули во европското право и правните системи на земјите на регионот: состојби и перспективи


Author: Дабовиќ Анастасовска, Јадранка, Гавриловиќ, Ненад



Abstract: Денес најголемиот број на потрошувачки договори се од видот на атхезиони договори (т.н. „земи или остави“ договори) во кои потрошувачите можат единствено да се согласат без да бидат имаат можност да преговараат за одделни клаузули на договорите. Во трговијата, исто така, се бележи експанзијата на електронското тргување. Сево ова претставува предизвик да се проучува дали еднаквоста на потрошувачите и трговците е обезбедена преку можноста потрошувачите да се заштитат од нечесните клаузули во договорите. Во трудот авторите ја анализираат правната уреденост на нечесните договорни клаузули во правото на Европската унија, од една страна и истата ја споредуваат со правните системи на земјите во регионот, од друга. Предмет на анализа се најнапред специјалните национални правни прописи за заштита на потрошувачите и нивната сообразност со Директивата на Советот 93/13/EEЗ од 5 април 1993 година за нечесни одредби во потрошувачките договори. Потоа се преминува на начелно разгледување на правните модалитети на заштита на потрошувачите од нечесни клаузули, повторно од аспект на ЕУ и националните правни системи. При тоа, се изведува генерален заклучок дека постоењето на мноштво правни механизми за правна заштита го доведува во сериозна опасност самото спроведување на заштитата.


Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“


Relation: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во чест на Петар Манговски



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/12278
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12278



TitleDateViews
Модалитети на правната заштита на потрошувачите од нечесните договорни клаузули во европското право и правните системи на земјите на регионот: состојби и перспективи201612