Home | Repositories | Statistics | About



Subject: реконструкција
Subject: очни капаци
Subject: комбинирани резенки
Subject: големи дефекти


Year: 2010


Type: Article



Title: Комбинација на резенки во реконструкција на големи дефекти на очните капаци и периорбита


Author: Мостров Илија
Author: Новески Лазо
Author: Џонов Боро
Author: Дамеска Љиљана
Author: Пенева Маргарита
Author: Росо Ивана



Abstract: Вовед. Ексцизија на тумори и траума се двете најчести причини за дефекти на очните капаци кај кои е потребна хируршка реконструкција. Реконструкцијата има цел да обезбеди добра функција на очниот капак, односно заштита на очното јаболко и сочувување на видот, но исто така и задоволителен естетски изглед. Поради комплексната структура на очниот капак (о.к.), оваа хируршка интервенција е деликатна и посебно тешка кај големите дефекти на о.к. и периорбитата. Целта на овој труд е да ја прикажеме реконструкцијата на големи дефекти на о.к. и периорбитата кај четири наши случаи, со примена на комбинација на резенки, кај кои не можевме да го затвориме дефектот со една стандардна резенка. Методи. Овој труд прикажува 4 пациенти оперирани во периодот 2008-2009 година на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во скопје. Применивме различни комбинации на кожни резенки во зависност од потребите на секој индивидуален случај. Пациентите постоперативно се следени 6-24 месеци. Резултати. Во сите случаи постигнавме задоволителни резултати, односно добра функција на о.к. и приближно нормален изглед. Заклучок. Методот на хируршката реконструкција е диктиран од големината и локализацијата на дефектот кој настанува по отстранување на карциномот. Комбинацијата на кожни резенки, ако соодвтно ја користиме, ни овозможува реконструкција со добра функција и приближно нормален изглед.


Publisher: Македонско лекарско друштво = Macedonian Medical Association


Relation: Македонски медицински преглед = Macedonian Medical Review



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/12045
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12045



TitleDateViews
Комбинација на резенки во реконструкција на големи дефекти на очните капаци и периорбита201016