Home | Repositories | Statistics | About



Subject: редство за подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано, Биофидбек-методата како техника за справување со сценската трема


Year: 2018


Type: Thesis



Title: Застапеноста на Биофидбек-методата како начин и средство за подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано во Република Македонија


Author: Елена Атанасовска-Ивановска



Abstract: Докторскиот труд „Застапеноста на Биофидбек-методата како начин и средство за подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано во Република Македонија“ претставува сериозен обид за збогатување на македонската научна мисла во областа која се занимава со прашањето за сценската трема и техниките за справување со неа кај музичарите изведувачи. Трудот ја третира проблематиката на Биофидбек-методата како техника за справување со сценската трема, со цел подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано во Република Македонија. Трудот е конципиран на тој начин што содржи теориско дефинирање на проблемот, како и емпириско истражување при коешто се користени повеќе методи (анализа на содржина, компаративна анализа, интервјуа и анкетен прашалник). При тоа, проблемот е јасно поставен, а тезата и заклучоците се доследно аргументирани. Вака структуриран, овој научен труд има научни и практични цели. Неговата основна научна цел е да се добие комплетно сознание за застапеноста на Биофидбек-методата кај студентите по пијано, а неговата основна практична цел е да се создаде труд кој ќе им користи на студентите по пијано во насока на подобрување на музичките перформанси кај нив. Истовремено, овој труд претставува појдовна точка за понатамошни истражувања од ваков вид.


Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Факултет за Музичка Уметност


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/11675
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/11675



TitleDateViews
Застапеноста на Биофидбек-методата како начин и средство за подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано во Република Македонија201842