Home | Repositories | Statistics | About



Subject: акутно бубрежно оштетување
Subject: новороденче
Subject: асфиксија


Year: 2015


Type: Article



Title: КАРАКТЕРИСТИКИ НА АКУТНОТО БУБРЕЖНО ОШТЕТУВАЊЕ ВО НЕОНАТАЛНИОТ ПЕРИОД ВО ЕДИНИЦАТА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА


Author: Силвана Наунова -Тимовска



Abstract: Вовед. Акутното бубрежно оштетување е сериозна состојба која го оштетува бубрегот како централен медијатор на хомеостазата на телесните течности и не е редок проблем во единиците за интензивна нега и терапија, особено кај неонаталната популација. Перинаталната асфиксија е често асоцирана коморбидна состојба со бубрежното оштетување. Целта на трудот беше да ги анализира карактеристиките на акутното бубрежно оштетување кај новороденчињата во неонаталната единица за интензивна нега како и асоцираноста со перинаталната асфиксија. Материјал и Методи. Studijata е реализирана на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Се работи за клиничкo, проспективна студија, со која во период од 2 години (Јануари 2013 – Декември 2014) bea анализирани 29 пациенти на неонатална возраст со документирано акутно бубрежно оштетување, а хоспитализирани во единицата за интензивна нега и терпија. При изработката на оваа студија ги користевме податоците од историјата на болеста. Материјалот беше статистички обработен користејќи ги методите на дескриптивната статистика. Резултати. Акутно бубрежно оштетување регистриравме кај 29 новороденчиња. Преваленцата на бубрежното оштетување кај новороенчињата изнесуваше 6,4%. Предоминираше машкиот пол во сооднос со женскиот пол 2,7:1. Најголем дел од пациентите беа термински новороденчиња (66%). Преренално бубрежно оштетување беше регистрирано во 80% од случаите. Најчест предиспонирачки фактор беше перинаталната асфиксијата регистрирана кај 56% од пациентите со предоминација на машкиот пол и на новороденчињата родени во термин. Останати предиспонирачки фактори беа: сепса евалуирана кај 44% од пациентите, прематуритет кај 34% и конгенитални срцеви аномалии евалуирани кај 27% од пациентите. Стапката на морталитет изнесуваше 27,5% и беше повисока кај пациентите со неонатална сепса. Заклучок: Перинаталната асфиксија е доминантен предиспонирачки фактор асоциран со акутното бубрежно оштетување кај новороденчињата. Но, често појавата на бубрежното оштетување кај неонаталната популација е мултифакторијална (во повеќе од 40% од случаите со наонатално АБО), при што постојат една или повеќе асоцирани коморбидни состојби


Publisher: Македонско лекарско друштво = Macedonian Medical Association


Relation: Македонски медицински преглед = Macedonian Medical Review



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/10677
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10677



TitleDateViews
КАРАКТЕРИСТИКИ НА АКУТНОТО БУБРЕЖНО ОШТЕТУВАЊЕ ВО НЕОНАТАЛНИОТ ПЕРИОД ВО ЕДИНИЦАТА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА201517