Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2014


Type: Book



Title: Философија на менаџерството


Author: Донев, Дејан



Abstract: Со ренесансата на менаџерското мислење и дејствување, која започна некаде во 80-тите години на минатиот век, дотогаш упатените во менаџментот упорно работеа на идентификување на основните принципи што ќе може да се применат на многубројните менаџмент ситуации. Но, заклучоците беа, а некаде во некои земји се се уште збунувачки. Менаџирањето, т.е. управувањето се претвори во теорија за случајноста во менаџирањето, според која, крајниот резултат на тоа што треба да се стори во која и да е ситуација е - „тоа зависи“. Се покажа дека научниот менаџмент на кој се полагаше голема надеж стана конфузен. Неговите најнови и најдобри принципи, всушност, се штетни, затоа што ја охрабруваат аналитичката рамнодушност повеќе отколку увидот што доаѓа од достапното искуство и од краткорочното намалување, наместо долгорочната технолошка конкуренција. Со тоа се направи поместување на мислењето што започна да го карактеризира новиот менаџмент, а дотогашното деловно мислење го насочи отаде традиционалните граници. Имено, се осозна дека менаџирањето со производните сили и економските фактори и процеси не е само за да се остварат економските предуслови за гол опстанок, туку тоа е дел од севкупното постоење и дејствување на луѓето. Економската философија и етика се едни од најсуштествените практички философии и етики на човештвото. Преку нивната целосна современа обнова и подем треба да се дојде нужно до ревалоризација на постојните вредности, а оттука и до изградба на аксиолошки систем кој ќе овозможи создавање на такво менаџерство и менаџери кои не само што ќе ја исполнуваат својата основна функција во економските процеси туку ќе бидат и активни чинители во создавањето на вид философија и етика која ќе ги поврзе целите на менаџерството со заедничка цивилизациска цел- одржување и развој на севкупното бионаследство на светот и на човештвото. Затоа и во рамките на философијата се испитуваат суштината и смислата на менаџментот, а во рамките на етиката моралните димензии, етичките предизвици и вредности на менаџерите. Напишани се голем број научни и популарни трудови за менаџментот, за неговите карактеристики и видови активност во разни сфери, меѓутоа најмалку е истражена токму оваа проблематика, за што е изработено ова дело, за кое се надевам дека ќе даде скромен придонес во оваа област.


Publisher: UKIM


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1065
Identifier: Донев Д. Философија на менаџерството. УКИМ. Скопје, 2014
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1065
Identifier: http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/475_Filosofija_na_menadzerstvoto.pdf



TitleDateViews
Философија на менаџерството201429