Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2008


Type: Monograph



Title: Невладиниот сектор како етички коректив на општеството


Author: Донев, Дејан



Abstract: Ако 20-от век започна со доделувањето на Нобеловата награда за мир, 21-от век го започнавме со сознанието дека зад нас остана еден век со, историски гледано, најголем број турбуленции. Имено, дали Алфред Нобел беше тој што го потсети светот дека треба да се бара излез од злоупотребите на создаденото и откриеното, не знам! Но, едно е сигурно, а тоа е дека 20-от век во следните неколку децении се движеше и се развиваше со неверојатни осцилации што, за жал, заврши со светски колеж чија круна беа концентрационите логори и Хирошима и Нагасаки. Тој колеж, за жал, и ден-денес трае само во друга форма. Како и да е, сите оние кои го проживеаа тоа и останаа по закланите, извлекоа едно огромно сознание: Ги бираме политичарите да нe водат во живот кој ќе ни даде мир, љубов, слобода, среќа ... Но, за жал, многумина од нив нe изиграа и нe натераа да живееме нагонски - животински. Токму затоа крајно време е да најдеме начин да им покажеме и докажеме дека има еден огромен број прашања на кои, ние како обични граѓани, можеме да понудиме подобар одговор. Резултатот од ваквото сознание е она што денес е главна тема на обмислување, не само на оваа книга, туку и во планирањето на секоја држава, на секоја предизборна кампања, на секој производ - невладините организации. Меѓутоа, невладините организации не како политички опонент, туку како етички коректив на општеството за да не заборавиме дека, без оглед на општественото уредување, на секое општество темелниот чинител и цел му е Човекот


Publisher: MCMS


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1064
Identifier: Донев, Д. Невладиниот сектор како етички коректив на општеството. МЦМС. Скопје, 2008
Identifier: 978-9989-102-67-7
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1064
Identifier: http://mcms.mk/images/docs/2008/nevladiniot-sektor-kako-eticki-korektiv-na-opstestvoto-2008.pdf



TitleDateViews
Невладиниот сектор како етички коректив на општеството200831