Home | Repositories | Statistics | About



Subject: дете
Subject: акутен апендицит
Subject: лапароскопска апендектомија


Year: 2017


Type: Article



Title: Лапароскопска апендектомија кај деца во Република Македонија


Author: Ристо Симеонов
Author: Тони Ристески
Author: Шабан Мемети
Author: Весна Цветаноска
Author: Миле Петровски



Abstract: Вовед и цели: Акутниот апендицитис претставува најчеста акутна абдоминална хируршка состојба во детската возраст. Животниот ризик за апендицитис се проценува на 8.7% за момчиња и 6.7% за девојчиња. Целта на оваа студија беше да ги анализира првичните искуства од лапароскопската апендектомија кај деца на Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје, а со цел да се процени нејзината сигурност, ефикасност, технички предизвици и добиените резулатаи. Матерјал и методи: Анализирани се првите 10 случаи на лапароскопска апендектомија во период од јануари 2013 до јануари 2014 година. Анализирани се: возраста на пациентите, оперативното време, должината на престој во болница, морталитет/морбидитет, употребата на антибиотици и аналгетици, патохистолошкиот наод, интраоперативни и постоперативни компликации, времето на појава на почеток на перисталтиката на цревата постоперативно, просечно време до прво испуштање на гасови, појава на прва спонтана столица, период на следење, козметскиот ефект. Резултати:Кај сите десет пациенти со успех беше завршена лапароскопска апендектомија без конверзија кај ниту еден пациент. Седум пациенти имаа акутен флегмонозен апендицитис, два гангренозен, a еден пациент имаше хроничен апендицитис. Кај сите десет пациенти има патохистолошка верификација на отстранетиот апендикс. Возраста на пациентот се движи од 6 до 14 години (средна вредност од 10,8 години). Немаше постоперативни компликации во (инцизионална хернија или абсцес) кај ниту еден пациент од десетте пациенти, со минимално следење од една година. Просечното оперативно време за лапароскопска апендектомија беше 45 мин. Просечниот престој во болница беше 3 денови по пациент. Според времето на појава на почеток на перисталтиката на цревата кај осум пациенти почетокот на воспоставување на перисталтика е во просек четири часа, а кај двајца пациенти е шест часа. Појава на прва спонтана столица беше во интервал од 12 до 18 часа. Постоперативната употреба на аналгетици беше употребена кај осум деца, а две деца не побаруваа аналгезија постоперативно. Заклучок:Лапароскопската апендектомија е безбедна и ефикасна техника за третман на акутен апендицитис и дава предности во однос на намалување на постоперативната болка, намалена престој во болница, и брзо враќање на нормалните активности. Иако нашето искуство со лапароскопска процедура е мало, ние сме охрабрени да продолжиме со лапароскопска апендектомија. Со добра обука, подобрување на хируршката техника, лапароскопската апендектомија се повеќе ќе станува хируршка процедува од избор при третман на акутен апендицитис во детска возраст.


Publisher: Институт за јавно здравје = Institute of Public Health


Relation: Архиви на јавното здравје = Archives of public health



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/10108
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10108



TitleDateViews
Лапароскопска апендектомија кај деца во Република Македонија201718