Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Agricultural biotechnology


Year: 2004


Type: Conference or Workshop Item
Type: PeerReviewed



Title: Продукција на капсаицин во култура од пиперка (Capsicum annuum L.) во услови in vitro


Author: Koleva Gudeva, Liljana
Author: Rafajlovska, Vesna
Author: Spasenoski, Mirko



Abstract: Од сите групи на секундарни метаболити, од биолошко активни компоненти на видот Capsicum annuum L., водечко место имаат алкалоидите капсаициноиди. Тоа се прости фенолни амиди, се среќаваат исклучиво во претставници на родот Capsicum, и го даваат лутиот вкус на пиперката [Govindarajn, 1986]. Капсаицинот, N-[4-хидрокси-3-метокси бензил]-8-метил-нон-транс-6-анамид, е силен и стабилен кристален алкалоид, и иако е без боја, вкус и мирис, тоа е едно од најлутите познати соединенија, а според податоците на De Witt [1999], човековото непце го забележува и во разредување од 1:17 000 000. Клиничките испитувања, in vivo и in vitro, покажуваат дека биолошкиот потенцијал на капсаицинот потекнува од неговата неверојатно силна и стабилна структура на секундарен метаболит - алкалоид, а оттаму доаѓа и неговото повеќекратно дејство: смирување на болка, антимикробно, антибактериско, антиканцерогено, анестетско, аналгетско, цитостатичко, хемотераписко и како фармаколошки агенс [Davison, 2000]. Досегашните научни истражувања покажуваат дека методот на in vitro култури на растителни клетки и ткива наоѓа голема примена кај повеќе видови од родот Capsicum, а литературните податоци ја потврдуваат примената на најразлични типови на експланатати [George, 1996]. Во поново време истражувањата се насочени кон испитување на продукцијата на некои секундарни метаболити кај видови од родот Capsicum. Во овој поглед, примената на методот на in vitro култури на растителни клетки и ткива е насочен во правец на зголемување на биосинтезата на секундарните метаболити во услови in vitro [Sasson, 1991].


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/9768/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:9768
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/9768/1/BFT-11-Koleva-Gudeva-e.pdf
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/9768/7/Content%20XVIII-CCTM-BFT-11.pdf
Identifier: Koleva Gudeva, Liljana and Rafajlovska, Vesna and Spasenoski, Mirko (2004) Продукција на капсаицин во култура од пиперка (Capsicum annuum L.) во услови in vitro. In: XVIII конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, 23-25 Sept 2004, Охрид, Македонија.



TitleDateViews
Продукција на капсаицин во култура од пиперка (Capsicum annuum L.) во услови in vitro2004988