Title: Ајтен Мутлу „Ноќ на долгиот брод“ (препев од турски)
Author: Leontik, Marija
Abstract: „Ноќ на долгиот брод“ е своевидна современа поема со едноставен и лирски израз. Ова поетско дело се состои од шест дела, а секој дел се состои од десет песни. Во оваа поетска книга се опева болката од распаѓањето на бракот и на домот што е реткост како тема во лирска песна. Преку овие песни поетесата сака да даде придонес за развивање на нова димензија и на љубовта и на поезијата. Преку овие песни поетесата Ајтен Мутлу порачува дека заложбата на жената за самата себеси истовремено е и заложба за општеството. Препејувачот на оваа современа своевидна поема од турски на македонски јазик, Марија Леонтиќ, сакаше македонската читателска публика да ја запознае со новите струи и изрази во современата турска поезија.