Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Law
Subject: Political Science


Year: 2013


Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed



Title: Дискриминација во огласите за вработување


Author: Ananiev, Jovan



Abstract: Во овој истражувачки извештај се содржани резултати од истражувањето на дискриминацијата во огласите за вработување. Реализирано е на примерок од 988 огласи објавени во четири дневни весници и еден веб-портал во периодот од 15 април до 15 септември 2013 година. Податоците се трансформирани во кодови кои понатаму се обработени во статистички софтвер и се добиени квантитативни податоци. Единица на анализа беа огласите за вработување. Ова истражување е прво од ваков вид во државата и има неколку придобивки од него. Прво, претставува систематизирано следење на една појава во траење од пет месеци и изобилува со податоци кои може да се корегираат и да дадат вистинска слика за појавата на дискриминација во огласите за вработување. Со ова, помага на стручната јавност да добијат комплетни сознанија, на Комисијата за заштита од дискриминација да алармира и да дава препораки а на креаторите на политики да преземаат мерки во насока на надминување на конкретната состојба. Второ, претставува придонес кон науката која ги проучува човековите права и науката за трудот и работните односи во насока на добивање на сознанија за предметот на истражување со сите негови специфики. Трето, истражувањето има методолошки придонес со тоа што може да послужи како модел за претворање на квалитативните во квантитативни податоци и понатамошно нивно статистичко и описно толкување. Во текстот е даден опис на методологијата, примерокот на истражувањето, степенот на постоење на дискриминација, облиците на дискриминација, основите на дискриминација и заклучоци и препораки.


Publisher: OSCE


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/8991/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:8991
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/8991/3/DISKRIMINACIJA%20VO%20OGLASITE%20ZA%20VRABOTUVANJE%20NASLOVNA.pdf
Identifier: Ananiev, Jovan (2013) Дискриминација во огласите за вработување. Project Report. OSCE, Skopje.
Identifier: ISBN 978-608-4630-52-4



TitleDateViews
Дискриминација во огласите за вработување201358