Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Languages and literature


Year: 2003


Type: Article
Type: PeerReviewed



Title: Семантичките конструкти во песната „Црква“ од Блаже Конески


Author: Mladenoski, Ranko



Abstract: Овој труд претставува детална анализа на песната „Црква“ од бардот на македонската поезија – Блаже Конески. Песната „Црква“ за првпат е објавена во истоимената збирка во 1988 година. Во анализата (интерпретацијата, толкувањето) на оваа песна доминантен е лексичко-семантичкиот приод при што се посочуваат значењата на лексемите коишто ја градат пораката (поентата) на песната. Како заклучни изводи од анализата на песната произлегуваат неколку тези: дека семантичките фундаменти на оваа песна од Конески се состојат во опозитноста на лексичките семи со деструктивно семантичко јадро, од една страна, и лексичките семи со конструктивно семантичко јадро, од друга страна; дека најголемиот дел од структурните елементи на песната гравитираат кон нејзиниот наслов и го дополнуваат со значења; дека и синтаксичките сегменти (формата) на песната добиваат семантичка вредност; дека за оваа песна е типична таканаречената изместена рима; како и тоа дека сета песна, всушност, е симбол за човековата болка и тага поради неминовната минливост на времето, односно на животот.


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/8161/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:8161
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/8161/1/__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi%20od%202011%20za%20repozitorium%2016%20noemvri%202013_Crkva%20Koneski%20Literaturen%20zbor_Ranko%20Mladenoski%20Za%20Crkva%20od%20Blaze%20Koneski.pdf
Identifier: Mladenoski, Ranko (2003) Семантичките конструкти во песната „Црква“ од Блаже Конески. Литературен збор, 50 (5-6). pp. 55-63. ISSN 0024-4791



TitleDateViews
Семантичките конструкти во песната „Црква“ од Блаже Конески200359