Abstract: Трудот претставува структурална анализа на две песни од бардот на македонската современа поезија – Блаже Конески. Тоа се песните „Живот и смрт“ и „Тема“ од збирката „Црква“ објавена во 1988 година. Анализата на овие песни се потпира врз декодирањето на поетските знаци во отсуство (in absentia) што претставува и основен принцип на семантизација на стиховите од овие песни на Конески. Токму затоа во трудот се застапува тезата дека овие песни Конески ги гради не преку поетска постапка, ами преку поетска анти-постапка, односно со парадоксално обележување на значења преку отсутноста на примарните признаци.