Subject: Other social sciences
Year: 2000
Type: Article
Type: PeerReviewed
Title: Анимацијата во туризмот - најзначаен сегмент на туристичката понуда
Author: Jakovlev, Zlatko
Abstract: Денешниве услови во кои се наоѓа Република Македонија можат да се окарактеризираат како неповолни, во поглед на нејзината стопанска развиеност. Секоја земја, па така и нашата треба да ги искористи своите компаративни предности, своите потенцијали за да доживее економска експанзија. Република Македонија како недоволно економски развиена земја треба да го интензивира развојот на туризмот. На тој начин таа може порамноправно да се вклучи во меѓународните економски односи. Дали ќе успее Р. Македонија или не, ќе зависи од тоа дали ќе знаеме сите ние да ги искористиме сопствените компаративни предности. Неоспорен факт е дека туризмот има поливалентно значење и е мултипликатор на стопанскиот развој. Со оглед на тоа дека Р. Македонија располага со природни, материјални и човечки фактори за развој на туризмот, кои се недоволно искористени, сметаме дека на ова прашање треба да му се посвети посебно внимание. Туризмот како феномен на 20 и 21 век има општествено и економско значење. Се разбира дека секоја земја е заинтересирана за економското влијание на туризмот врз нејзиниот развој. Затоа треба на туристот да му се понудат соодветни услуги со што ќе биде задоволен.
Publisher: „Еуро-Мак Компани” Д.О.О
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/5685/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:5685
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/5685/1/Animacijata%20vo%20turizmot%20najznacaen%20segment%20na%20turistickata%20ponuda.pdfIdentifier: Jakovlev, Zlatko (2000) Анимацијата во туризмот - најзначаен сегмент на туристичката понуда. Списание „Економија и бизнис”. ISSN 1409-6781