Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Law


Year: 2009


Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed



Title: Меѓународно правни аспекти на понудата


Author: Tusevska, Borka



Abstract: Во светот на меѓународното договорно право, понудата претставува дел од процесот на контрахирање кој суштествено придонесува за креацијата на стабилен и брз промет. Дефинирањето на институтот понуда нужно ја наметнува потребата од нејзино разграничување во однос на останатите иницијативи за склучување на договор. Имено, секоја понуда претставува иницијатива за склучување на договор, меѓутоа не секој иницијален акт претставува понуда во правна смисла. Понудата во нашата правна теорија и законодавство претставува предлог за склучување на договор направен за определено лице кој ги содржи сите суштествени состојки на договорот, според дефиницијата содржана во Закон за облигационите односи, односно член 24 став 1 од истиот. Појдовна основа за вака поставената дефиниција во нашиот ЗОО, претставува можеби и најубавата дефиниција за понудата содржана во Скицата на Законикот за облигациите и договорите на проф. Константиновић. Овој посебен кодификаторски труд во себе ги содржи правните решенија од најзначајните граѓански кодификации како и решенијата на Хашките конвенции кои претставуваат основа на сите подоцна донесени меѓународни конвенции од областа на трговската продажба, а кои во себе ги инкорпорираат Еднообразниот закон за склучување на договорот за продажба на стока и Еднообразниот закон за продажба на стока од јуни 1964 година. Скицата во рамките на член 8 став 1 предвидува дека понудата е предлог за склучување на договор направен за определено лице, кој ги содржи сите битни услови на предложениот договор, така што со негово прифаќање договорот може да се склучи.


Publisher: Alfa 94 Skopje


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/5650/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:5650
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/5650/1/megunarodno%20pravni%20aspekti%20na%20ponudata.doc
Identifier: Tusevska, Borka (2009) Меѓународно правни аспекти на понудата. Manual. Alfa 94 Skopje.



TitleDateViews
Меѓународно правни аспекти на понудата200947