Subject: Economics and business
Year: 2011
Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed
Title: Одржлив развој - нова глобална парадигма / Sustainable development - new global paradigm
Author: Matlievska, Margarita
Abstract: Одржливиот развој му нуди на човештвото квалитетен развој, развој во кој се избалансирани човечките со природните вредности, развој кој е модел за праведен и напреден свет. Тоа подразбира врамнотежување на економските, социјалните и целите за заштита на животната средина и нивно интегрирање секогаш кога тоа е можно преку креирање политики и практики кои взаемно се поддржуваат. Поаѓајќи од фактот дека во овој момент не се наѕира друга концептуална теорија која може поквалитетно да ги ситуира интересите на сите општествени чинители, современата научна јавност со особен интерес ја третира оваа проблематика. Токму затоа, одржливиот развој се наметнува како концепт што ќе ја определува иднината на современото човеково општество, а негова најсилна страна е принципот на интегралност. Предмет на истражување беа документите усвоени на конференциите организирани од страна на Организацијата на Обединетите нации, договорите со кои се конституира Европската унија и кои ја определуваат насоката на нејзината генерална политика, нејзината Стратегија за одржлив развој, како и националните стратегии за одржлив развој и формираните тела за одржлив развој во некои од земјите членки на Унијата, со што се појаснува начинот на кој Европската унија гради политика на одржливост на развојот Во трудов, разработени се и концептуалните аспекти на одржливиот развој, неговите генеза и историјат, и потребата од изработка на национална стратегија за одржлив развој. Клучни зборови:. одржлив развој, заштита на животната средина, усогласување на политики, Европска унија, Република Македонија, Организација на Обединетите Нации. ABSTRACT Sustainable development offers the mankind qualitative development, i.e. development in which human values are balanced with natural ones, a development which is a model for a fair and progressive world. This assumes balancing of economic, social and environmental goals and their integration whenever it is possible, through creation of mutually supportive policies and practices. Based on the fact that at this moment there are no notions of another conceptual theory that could better settle the interests of all social stakeholders, the modern scientific community treats this matter with special interest. For this reason, the sustainable development concept has emerged as a concept to determine the future of modern human society, with integrity being its strongest point. The subject of research focused on documents adopted at conferences organized by the OUN, Treaties constituting the European Union and determining the directions of its general policy, the EU Strategy for Sustainable Development, as well as national strategies for sustainable development and established national sustainable development bodies in some of the EU member states, enligheting the manner in which the European Union has built the policy of sustainability of development. The scope of the work includes elaboration of conceptual aspects of sustainable development, its genesis and background, the need for developing a national strategy, Key words:.Sustainable Development, Environment Protection, Policy Harmonization, European Union, Republic of Macedonia, United Nations Organization.
Publisher: Margarita Matlievska
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/4616/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:4616
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/4616/1/Odrzliviot%20razvoj-nova%20globalna%20paradigma%2C%20monografija%2C%20Matlievska%2C%202011.pdfIdentifier: Matlievska, Margarita (2011) Одржлив развој - нова глобална парадигма / Sustainable development - new global paradigm. Other. Margarita Matlievska.
Identifier: ISBN 978-9989-57-737-6