Title: Екскурзијата и нејзиното значење во наставата по природа и општество
Author: Jovanova-Mitkovska, Snezana
Abstract: Една од позначајните форми на воспитно-образовна дејност кои придонесуваат за остварување на воспитно образовните цели и задачи е екскурзијаtа. Природните услови даваат најдобри можности за разбирање и сфаќање на природните и општествените појави. Работата надвор од училиницата за учениците е интересна. Учениците се во непосреден контакт со предметите, појавите и состојбите во природата и општеството, па посебно мотивирани за работа во такви услови. Сето ова го овозможува екскурзијата. Поимот екскурзија (лат. excursio - истрчување) означува кратко или подолго патување со научна, културна, спортска или забавна цел со задача учениците од непосредната стварност да ги запознаат предметите и појавите кои ги проучуваат во училиштето.
Publisher: Универзитет "Гоце Делчев" Штип, Педагошки Факултет