Title: Дидактичко - методски аспекти на создавањето на ТВ програмите и нивната примена во наставата
Author: Nikodinovska Bancotovska, Suzana
Abstract: Образовната телевизија претставува медиум чија примена во процесот на наставата овозможува на адекватен начин да се задоволи принципот на визуелизација. Во образовната телевизија лежи огромен воспитно-образовен потенцијал. Со нејзината примена наставата станува мотивирачка, објективна, актуелна, атрактивна, динамична, интересна. Образовната телевизија нуди можност на современ и ефикасен начин да се решаваат фундаментални и систематски прашања од областа на организационата структура, методската основа на воспитно-образовната работа и сите модалитети на модерната евалуација.
Publisher: Универзитет "Гоце Делчев" Штип, Педагошки Факултет