Title: Првиот македонски учебник по пијано на Лепша Пиперковска
Author: Skarik, Milica
Abstract: Универзитетскиот професор Лепша Пиперковска е родена во 1932 година во Скопје. По завршувањето на гимназијата во Скопје и средното музичко училиште во Загреб, таа дипломирала на Факултетот за Музичка Уметност во Белград во класата по пијано на проф. Станка Врињанин. По дипломирањето таа исклучиво работи како педагог. Во 1954 година се вработува во средното музичко училиште во Скопје како наставник по предметите пијано и методика на наставата по пијано. Истовремено во училиштето таа работи и како корепетитор во класите за соло-пеење и по потреба го предава предметот музички форми. Во 1959 година е избрана за професор на Вишата педагошка школа каде предава 7 години, а во 1966 година се вработува на првиот штотуку отворен Факултет за Музичка Уметност во Скопје како професор по пијано и методика на наставата по пијано. По пензионирањето во 1994 година, продолжува да работи како професор на магистерските студии по пијано и методика на истиот факултет.
Publisher: Универзитет "Гоце Делчев" Штип, Педагошки Факултет