Subject: Educational sciences
Year: 2003
Type: Article
Type: PeerReviewed
Title: Поглед на лексиката на Пулевски и обид за нејзина актуелизација
Author: Nikolovska, Violeta
Abstract: Во една наша статија (презентирана усно на Научниот собир „Македонскиот јазик во јавното општење“, одржан во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, на 18. и 19. февруари 1999г.) се осврнавме на денешната состојба во која живее македонскиот јазик. Се осврнавме пред сè, на огромниот наплив на англизми во современиот јазик. Напати, се забележува дека се случува нешто што е не само лексичко внесување, увезување, туку е еден вид на промена на кодот (овој термин „промена на кодот“, за префрлување, во еден исказ, од еден јазик на друг, се употребува од различни автори; токму во врска со нашава тема, в. Викторија Херсон Фин, 1995). Се употребуваат, особено меѓу младите, цели реченици или фрази на англиски јазик. Во споменатото излагање го поставивме прашањето што да се прави, каков да биде нашиот став кон оваа појава и приведовме две крајности: едната - претерана пасивност кон оваа навала на англизми, што ја нарековме јазичен конформизам, а другата - стремеж за претерано чистотништво, што го нарековме јазичен пуризам.
Publisher: Универзитет "Гоце Делчев" Штип, Педагошки Факултет
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/4327/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:4327
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/4327/1/%D0%9F%D0%9E%D0%93%D0%9B%D0%95%D0%94%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9B%D0%95%D0%9A%D0%A1%D0%98%D0%9A%D0%90%D0%A2%D0%90%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9F%D0%A3%D0%9B%D0%95%D0%92%D0%A1%D0%9A%D0%98%20%D0%98%20%D0%9E%D0%91%D0%98%D0%94%20%D0%97%D0%90%20%D0%9D%D0%95%D0%88%D0%97%D0%98%D0%9D%D0%90%20%D0%90%D0%9A%D0%A2%D0%A3%D0%95%D0%9B%D0%98%D0%97%D0%90%D0%A6%D0%98%D0%88%D0%90.pdfIdentifier: Nikolovska, Violeta (2003) Поглед на лексиката на Пулевски и обид за нејзина актуелизација. Воспитание - Списание за теорија и практика (2003-04) (4-5). pp. 101-105. ISSN 2009