Title: Индивидуализација и диференцијација во наставната работа
Author: Petrovska, Sonja
Abstract: Интересот кон теоријата и практиката на индивидуално - диференцираниот пристап во наставната работа главно е предизвикан од ориентацијата на научниците и практичарите кон демократизација и хуманизација на воспитно-образовниот процес што подразбира насоченост на истиот кон развивање на личноста на ученикот. Всушност и една од најчестите критики кои се упатуваат кон традиионалното училиште се однесува на наставата која во најголема мера е прилагодена спрема потребите на „просечниот“ ученик. Континуираните педагошко-психолошки истражувања покажуваат дека во практиката скоро и да не постојат такви ученици. Учениците во училиштето ја донесуваат својата индивидуалност која од наставниците бара избор на адекватни содржини и методика во наставната работа. Неоспорен е фактот дека познавањето на личноста на ученикот, неговите ментални способности, мотивацијата, темпото на учење, интересите и ставовите, стиловите на учење па и аспирациите за училишен успех се значајна претпоставка за ефективна настава.
Publisher: Универзитет "Гоце Делчев" Штип, Педагошки Факултет