Subject: Languages and literature
Year: 2021
Type: Article
Type: PeerReviewed
Title: Перцепцијата на студентите за онлајн наставата по шпански и англиски јазик во услови на пандемија
Author: Todorova, Marija
Author: Ulanska, Tatjana
Abstract: Пандемијата предизвикана од КОВИД – 19 имаше и сѐ уште има големо влијание на образовниот процес во Република Северна Македонија. Училиштата и високообразовните институции се најдоа пред предизвикот да се вклопат во моделот на онлајн образование, а учениците и студентите да го прифатат и да се прилагодат на новиот начин на поучување и учење. Во овој труд се анализира перцепцијата на студентите за онлајн наставата по шпански и англиски јазик, реализирана на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Република С. Македонија. За потребите на истражувањето беше спроведена анкета како метод за анализирање на ставовите на студентите за онлајн наставата и мерење на задоволството или незадоволството од спроведувањето на истата. Целта на овој труд е, преку информациите добиени од анкетата, да се утврдат предизвиците со кои се соочија студентите; да се утврди дали, според нив, се одржа квалитетот на наставата; дали постигнатите резултати беа објективни и реални, дали онлајн наставата имаше негативно влијание врз нивниот успех и на крај, да се утврдат потенцијалните можности за конкретни и специфични подобрувања во реализацијата на овој тип на настава.
Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/34653/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:34653
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/34653/1/5063-Article%20Text-8686-1-10-20220415.pdfIdentifier: Todorova, Marija and Ulanska, Tatjana (2021) Перцепцијата на студентите за онлајн наставата по шпански и англиски јазик во услови на пандемија. ФИЛКО - Зборник на трудови од Шеста меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование, 6 (6). pp. 339-345. ISSN 978-608-244-871-8