Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Economics and business


Year: 2024


Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed



Title: Тотален менаџмент на квалитет


Author: Mitreva, Elizabeta



Abstract: Книгата е посветена на примената на општите принципи и стандарди во организациите и системите за управување со квалитет, со посебен акцент на системот за тотален менаџмент со квалитетот -ТМК (Total Quality Management - TQM). Всушност, фокусот е ставен на анализа на клучните претпоставки поврзани со начинот на кој треба да се планираат, организираат, воспостават и контролираат активностите, како и континуираното подобрување на квалитетот во индустријата. Овие претпоставки се поврзани со: постојаното следење на барањата на модерните купувачи, почитување на принципите и стандардите за квалитет, воспоставување функционални организации на бизнисот, постоење на неопходни ресурси (човечки, финансиски и материјални), вклучување на корисниците и други субјекти во процесот на создавање и испорака на производите/ услугите и примена на современи технолошки системи во работата. Целта е да се обезбеди производ (услуга) кој со својот квалитет ќе ги задоволи или надмине очекувањата на неговите корисници. Целосната одговорност во сите овие активности е во управувачките структури на организациите.


Publisher: Печатница 2-ри Август Штип


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/34091/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:34091
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/34091/1/za%20repozitorium.pdf
Identifier: Mitreva, Elizabeta (2024) Тотален менаџмент на квалитет. Other. Печатница 2-ри Август Штип, Штип.
Identifier: ISBN 978-608-4879-86-2, COBISS.MK-ID 63186437



TitleDateViews
Тотален менаџмент на квалитет202446