Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Clinical medicine


Year: 2023


Type: Article
Type: PeerReviewed



Title: Инциденца на изведени катетер аблации за лекување на срцеви аритмии во период од три години


Author: Ristovska, Aneta
Author: Kamceva, Gordana



Abstract: Аритмија е секоја појава на кој било ритам на срцето различен од нормалниот синус ритам. Нарушувањата на срцевиот ритам се резултат на нарушувања во создавањето на импулси, нивното спроведување и/или двете. Справувањето со аритмиите претставува професионален, практичен и секојдневен предизвик на медицинските сести. Тимската работа, комуникацијата и соработката во едниците за интензивна коронарна нега се потребни за да го подобрат исходот за пациентите. Цел на трудот: Основна цел на трудот да се прикаже инциденцата на изведени катетер аблации кај пациенти поделени според дијагноза, возраст и пол, изведени во ЈЗУ “Универзитетска Клиника за кардиологија” во Скопје во период од три последователни години. Материјали и методи: Податоците за пациентите се земени од ЈЗУ “Универзитетска Клиника за Скопје, ретроградно во период од три години, од 2021 2023година. Резултати: Во 2021 година, изведени се вкупно 49 катетер аблации, на 23 мажи и 26 жени, со просечна возраст од 49.77 години. Најчеста аритмија за катетер аблација беше суправентрукуларната аритмија. Во 2022 година, изведени се вкупно 69 катетер аблации, на 35 мажи и 34 жени, со просечна возраст од 52,88 години, со најчеста аритмија атријална фибрилација/флатер. И заклучно со месец октомври во 2023 година, изведени се вкупно 29 катетер аблации, на 12 мажи и 17 жени, со просечна возраст од 48,27 години, повторно најчеста аритмија атријална фибрилација/флатер. Заклучок: Според нашите резултати, катетер аблациите се изведуваат најчесто кај пациенти со атријална фибрилација/флатер и почесто кај женскиот пол. Клучни зборови: аритмија, катетер аблација, атријална фибрилација/флатер


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/33963/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:33963
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/33963/1/INCIDENCE%2BOF%2BCATHETER%2BABLATIONS%2BPERFORMED%2BFOR%2BTHE%2BTREATMENT%2BOF%2BCARDIAC%2BARRHYTHMIAS%2BOVER%2BA%2BPERIOD%2BOF%2BTHREE%2BYEARS.pdf
Identifier: Ristovska, Aneta and Kamceva, Gordana (2023) Инциденца на изведени катетер аблации за лекување на срцеви аритмии во период од три години. Knowledge – International Journal, 61 (4). ISSN 2545-4439



TitleDateViews
Инциденца на изведени катетер аблации за лекување на срцеви аритмии во период од три години2023821