Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Clinical medicine


Year: 2023


Type: Article
Type: PeerReviewed



Title: Хируршки третман и предвидување на ризик од патолошки фрактури со Mirel’s скор поради метастази на апендикуларниот скелет


Author: Stefanovska, Monika
Author: Kamceva, Gordana



Abstract: Метастазите на апендикуларниот скелет се најчест неопластичен процес кој што го афектира локомоторниот систем. Според својата инциденца, најчести се метастазите од карциномот на дојка, белите дробови, бубрег, тиреоидна жлезда и простата. Tипот на хируршка интервенција кај пациентите може да влијае на севкупното преживување на пациентите со оглед на растечкиот концепт на олигометастази. Цел: Целта на трудот е да се прикаже зачестеноста на патолошката фрактура кај пациентите со метастази на апендикуларниот скелет и изведениот оптимален хируршки третман, согласно стадиумот и очекуваното преживување. Материјали и методи: Студијата беше спроведена на Универзитетската клиника за Ортопедски болести во периодот помеѓу 2019-2022 година. Истата е од ретро-проспективен карактер. Во студијата беа вклучени 74 пациенти со метастаза на апендикуларниот скелет од примарни карциноми на дојка, бели дробови, простата и тиреоидна жлезда. Добиените податоци се систематизирани и направена е статистичка анализа. Резултати: Според резултатите од истражувањето најзастапени се метастазите од карциномот на дојка, а на второ место метастазите од карцином на бели дробови. Најчесто афектирана регија е проксималниот фемур, кај пациентите беше направена остеосинтеза соодветно со динамична компресивна плочка (DHS) и интрамедуларен клин (Intertan). Кај секој од пациентите направени се дијагностички инвестигации по протокол: РТГ, КТ, скен на скелет со tc99m. По детерминирање на стадиумот на болеста пациентите беа соодветно хируршки третирани, по чие завршување повеќето беа упати за адјувантна хемотерапија и палијативна радиотерапија. Заклучок: Настанувањето на патолошка скршеница е катастрофална компликација за повеќето онколошки пациенти. Јасното разбирање на очекуваниот животен век на пациентите со коскени метастази е од голема помош за да се спречат грешки и неуспеси во третманот. Клучни зборови: Коскени метастази, патолошка фрактура, Mirels score.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/33667/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:33667
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/33667/1/2.%20SURGICAL%2BTREATMENT%2BAND%2BRISK%2BPREDICTION%2BOF%2BPATHOLOGICAL%2BFRACTURES%2BWITH%2BMIREL%27S%2BSCORE%2BDUE%2BTO%2BMETASTASES%2BOF%2BTHE%2BAPPENDICULAR%2BSKELETON.pdf
Identifier: Stefanovska, Monika and Kamceva, Gordana (2023) Хируршки третман и предвидување на ризик од патолошки фрактури со Mirel’s скор поради метастази на апендикуларниот скелет. Knowledge - International Journal, 61 (4). pp. 571-576. ISSN 2545-4439



TitleDateViews
Хируршки третман и предвидување на ризик од патолошки фрактури со Mirel’s скор поради метастази на апендикуларниот скелет2023819