Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Other social sciences


Year: 2023


Type: Book
Type: PeerReviewed



Title: Современ менаџмент


Author: Jakovlev, Zlatko



Abstract: Пишуваниот материјал ја третира проблематиката на развојот на современиот менаџмент и неговата улога и значење за работењето на претпријатијата како и нивното влијание врз вкупната економија на одредена земја, а посебно во Република Македонија. Современиот менаџмент, со оглед на неговото значење и важност во работењето на претпријатието, покривајќи ги сите функции на работење, истиот се наметнува како императив. Според авторот, огромниот интерес е производ на: општествениот карактер на современиот менаџмент со кој се канализираат одговорностите во насока на ефикасно и ефективно реализирање на целите, фактот што современиот менаџмент е базична карактеристика на индустриското општество, тоа што современиот менаџмент е најзначаен орган во претпријатието со што тој останува фундаментална и доминантна институција се додека постои цивилизацијата. Во тој контекст, авторот истакнува дека современиот менаџмент е универзална активност која се применува и се наоѓа во сите видови организациони системи (влади, министерства, општини, универзитети, хотели, туристички агенции, комунални претпријатија, аеродроми, трговски претпријатија, болници, компании, општествени организации, политички партии и друго) и е присутен во сите функции и хиерархиски нивоа на тие системи. Според тоа, авторот истакнува дека современиот менаџмент е динамичен процес, бидејќи му дава живот на секој аспект на деловните активности.


Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/33551/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:33551
Identifier: Jakovlev, Zlatko (2023) Современ менаџмент. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-244-981-4



TitleDateViews
Современ менаџмент2023817