Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Economics and business


Year: 2023


Type: Article
Type: PeerReviewed



Title: Перспективи и предизвици на сметководствената професија во РС Македонија


Author: Tasevska, Bisera
Author: Koleva, Blagica
Author: Gorgieva-Trajkovska, Olivera



Abstract: Предмет на обработка во овој труд претставуваат перспективите и предизвиците со кои се соочува сметководствената професија во РС Македонија со цел разработка на денешните и идните проблеми на сметководствената професија како и новите предизвици.Клучот да се разбере еден бизнис се наоѓа во разбирањето на неговото сметководство. Сметководството има централна улога во работењето на секој модерен бизнис. Сметководството како професија во развојот на економијата на една земја е од непроценливa важност. Сметководителите се јадрото на економијата, важна алка помеѓу државата и бизнис секторот, одговорни за пресметување и прибирање на даноците од кои се полни буџетот, сметководителите се консултанти на бизнис секторот. Сметководителите се исправени пред предизвикот континуирано да го надградуваат сопственото знаење и умеење и постојано да пронаоѓаат начини, методи и технологии. Сметководителите се во позиција да мора да го прилагодат својот начин на функционирање, со нови информатички технологии и придобивките кои истите ги нудат. Сметководствената професија исто како и многу други професии, се испречува пред предизвикот наречен континуирана едукација и знаење од повеќе области, вклучувајќи ја и информатичката технологија. Оние сметководствени компании кои ќе успеат да направат трансфер на своето знаење и умеење, кои постојано и успешно ќе менаџираат со знаењето на своите вработени и ќе бидат во тек со новите информатички технологии, ќе успеат во голема мера да остварат компаративни предности во однос на конкуренцијата.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/33396/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:33396
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/33396/1/YEARBOOK%2025-2023.pdf
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/33396/2/YEARBOOK%2025-2023.pdf
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/33396/3/25-1.pdf
Identifier: Tasevska, Bisera and Koleva, Blagica and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2023) Перспективи и предизвици на сметководствената професија во РС Македонија. Годишен зборник на Економски факултет, УГД, Штип, 15 (25). ISSN 1857-7628



TitleDateViews
Перспективи и предизвици на сметководствената професија во РС Македонија2023845