Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Educational sciences


Year: 2023


Type: Book
Type: PeerReviewed



Title: Менторство и туторство


Author: Jovanova-Mitkovska, Snezana



Abstract: Учебникот Менторство и туторство е изработен согласно потребите од наставен материјал за истоимениот предмет на студиската програма Педагогија на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Конципиран е согласно предметната програма од наведениот наставен предмет. Резултанта е на повеќегодишно проучување на овој, и во денешно време актуелен феномен, кој своите зачетоци ги има уште од дамнина. Се обидовме да расветлиме низа клучни аспекти на феномените менторство и туторство, имајќи ја во вид нивната сложеност, мултидимензионална условеност и детерминираност. Како поими, посебно во денешниов современ свет истите добиваат на значење, особено ако се има во предвид сѐ помасовното влијание на техничко-технолошката револуција, која води кон продуцирање на сѐ поголем број нови сознанија кои се имплементират, не само во образовниот процес, но и во сите дејности. Правичното и успешно ползување на новите сознанија подразбира процес во кој е потребно поучување, обука, оспособеност, кое пак подразбира постоење на менторство, ментори, туторство, тутори. Од тие причини вo трудот, акцент ставивме на идентификацијата на клучните поими, значењето и потребата од реализација на менторскиот процес на сите нивои, степени на образование, улогата, обврските, одговорностите, задачите на клучните актери во тој процес, законските услови и прописи во регулацијата на феноменот ментор, менторство во институции, значењето и потреба од менторство во работните организации (компании), функцијата која ја има менторството во личниот, професионалниот, кариерниот развој на индивидуата. Посветивме внимание и на феноменот комуникација, значаен за успешно одвивање на менторскиот процес, процесот на туторство. Трудот е пред сѐ наменет за студентите на наставничките факултети, но, веруваме дека ќе им биде од полза и на наставниците, приправниците, на сите оние кои ја љубат работата со децата, учениците, возрасните, сите оние кои го љубат човекот и сакаат да дадат свој придонес во неговиот развој.


Publisher: Универзитет "Гоце Делчев" - Штип, Факултет за образовни науки, 2023


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/33131/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:33131
Identifier: Jovanova-Mitkovska, Snezana (2023) Менторство и туторство. Универзитет "Гоце Делчев" - Штип, Факултет за образовни науки, 2023, Штип. ISBN 978-608-277-026-0



TitleDateViews
Менторство и туторство2023828