Subject: Other engineering and technologies
Year: 2004
Type: Project
Type: NonPeerReviewed
Title: Главен рударски проект за експлоатација на архитектонско - градежен камен гранит на локалитетот “Сурун“ - С. Дупјачани - Горно Село - Прилеп
Author: Panov, Zoran
Abstract: Главниот рударски проект за експлоатација на архитектонско - градежен камен на локалитетот “Сурун“ - с. Дупјачани - Горно Село - Прилеп, е изработен врз основа на Законот за минерални суровини, геолошките и физичко - механичките и гемеханичките истражувања и останатата потребна документација. Во проектот е извршено дефинирање на експлоатационото поле, геометријата на површинискиот коп, пресметани се експлоатационите резерви на гранит, даден е начинот на отворање, методите на експлоатација, товарање и транспорт, како и предлог за рекултивација и мерки за техничка заштита. Врз основа на проектот утврдени се околу 20000 m3 гранитни комерцијални блокови, така да при годишен капацитет од 1000 m3, векот на експлоатација е околу 20 години. Во проектот е опфанат само еден мал дел од гранитната маса од подрачјето опфатено со концесија за експлоатација. Ова значи, дека во иднина е можно рекалкулирање и редефинирање на површинскиот коп, со што неговиот капацитет и век на експлоатација, значително би се зголемил. Проектираниот систем на експлоатација и развој на површинскиот коп, како и оптимално дефинираната основна геометрија, овозможуваат фазна експлоатација и развој. Врз основа на технолошкиот систем на експлоатација, односно добивање на блокови со комерцијални димензии, извршените анализи, современите светски искуства како и искуството од соседните површински копови на гранит, во проектот предвидени се две можни методи на експлоатација и тоа: - метода на експлоатација со дупчечко - минерски работи и - метода на ескплоатација со дупчечко - минерски работи и сечење со дијамантска жична пила. И двете методи можат ефективно да се применуваат, меѓутоа иако поскапа сепак втората метода (варијанта) дава подобри резултати имајќи во предвид дека со неа се намалуваат импактите и штетните дејствувања од минерските работи а и самите резови (добиени со сечење) се далеку поквалитетни. Предвидената динамика на откопување од 1000 m3/god, треба да се реализира за период од 20 години. Со примената на предвидените откопни методи, постојната и новопредвидената опрема и механизација како и новиот стручен кадар, може да се заклучи дека предвидениот годишен капаците може да се оствари. Овој капацитет е мал и најверојатно е дека за неколку години истиот во зависност од барањата на пазарот и способностите на инвеститорот, истиот би можел рапидно да се зголеми. Секако, ова би значело развој и промена на површинскиот коп “Сурун“, кое од своја страна би била предмет за нов проект.
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/3313/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:3313
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/3313/1/Proekt_Surun.pdfIdentifier: Panov, Zoran (2004) Главен рударски проект за експлоатација на архитектонско - градежен камен гранит на локалитетот “Сурун“ - С. Дупјачани - Горно Село - Прилеп. [Project]