Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Other medical sciences


Year: 2023


Type: Thesis
Type: NonPeerReviewed



Title: Воведување на нова методологија за синтеза и контрола на квалитет на радиофармацевтикот [18F]Флуоромисонидазол


Author: Cocevska, Maja



Abstract: Познати се голем број дијагностички методи со кои може да се испитаат различни хипоксични тумори, но позитронско-емисионата томографија (ПЕТ) покажува голем број на предности. За таа цел во ПЕТ се користат добро познатите нитроимидазолни деривати поврзани за 18F-флуор како позитронски радионуклид. Еден од најмногу користените е [18F]Флуоромисонидазол (1-[18F]fluoro-3-(2-nitro-1H-imidazol-1-yl)propan-2-ol, со кратенка [18F]FMISO). [18F]FMISO е високоспецифичен особено кај хипоксија на глиоми, хипоксија во белодробен канцер, карциноми на глава и врат и други хипоксични тумори. Досега за производство на [18F]FMISO се развиени две методологии. Едниот метод е познат како стандарден и користи модул за синтеза поврзан со дополнителна единица за прочистување со високоефикасна течна хроматографија (HPLC единица за прочистување), а вториот метод е понов и користи модул за синтеза со прочистување од типот цврсто фазна екстракција со употреба на SPE кертриџи. SPE методот овозможува целосно автоматизирање на процесот, скратување на времето на синтеза, повисок принос, поедноставување на целокупниот процес за производство со поголема безбедност на операторот (од аспект на заштита од јонизирачко зрачење) и со пониска цена. Целта на оваа докторска дисертација беше воведување на нова методологија за синтеза на радиофармацевтикот [18F]Флуоромисонидазол во којшто наместо стандардниот метод на производство се развие и оптимизира синтеза со SPE прoчистување. За овој процес на развој на синтезата беше потребно дефинирање на голем број параметри коишто имаат големо влијание врз ефикасноста на синтезата. Најпрво беше креирана секвенца за автоматска синтеза на [18F]FMISO со SPE прочистување. Потоа беше направена оптимизација на синтезата и прочистувањето за: почетни услови во реакцијата пред радиофлуоринација (почетна активност на [18F]F-, тип на анјон-разменувачкиот кертриџ за задржување на 18F[F-], раствор за елуција на 18F[F-]); услови во реакција на радиоифлуоринација (маса на прекурсор, температура на радиофлуоринација, времетраење на реакција на радиофлуоринација); услови во реакција по радиофлуоринација (времетраење на евапорација на ацетонитрил, растворот за хидролиза, температура на хидролиза, времетраење на реакцијата на хидролиза); типови на SPE кертриџи за прочистување (испитани се шест типа на реверзно-фазен кертриџ, два типа на катјонизменувачки кертриџи и два типа на алуминимум оксидни кертриџи). За оваа цел беа направени околу 50 синтези и за секоја серија на производ беше направена контрола на квалитет. Во оваа студија успешно беше развиена синтеза на [18F]Флуоромисонидазол со SPE прoчистување која може да се спроведе и под асептични услови, произведувајќи радиофармацевтик со квалитет што ги исполнува сите критериумите дефинирани во монографијата на Европската фармакопеја. Клучни зборови: [18F]FMISO, [18F]F-, синтеза, ПЕТ, оптимизација, контрола на квалитет


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/32808/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:32808
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/32808/1/Doktorski%20%20trud_MCh_Lektoriran.pdf
Identifier: Cocevska, Maja (2023) Воведување на нова методологија за синтеза и контрола на квалитет на радиофармацевтикот [18F]Флуоромисонидазол. Doctoral thesis, Faculty of medical science.



TitleDateViews
Воведување на нова методологија за синтеза и контрола на квалитет на радиофармацевтикот [18F]Флуоромисонидазол2023796