Subject: History and archaeology
Year: 2023
Type: Conference or Workshop Item
Type: NonPeerReviewed
Title: Добротворната улога на македонските мигрантски организации
Author: Josimovska, Verica
Abstract: Социјално-политичките услови, војните, разорувањата, биле причина дел од македонското население да ја напушти својата родна грутка, барајќи го спасот во подобри услови за егзистенција и интелектуално и револуционерно поле на дејствување. Најголем дел од таа емиграција се нашла во Бугарија, организирана во братства, друштва, организации, најчесто групирани според местото од каде доаѓале, и која активно се вклучила во општествено- политичкиот и културен живот. Овие организации имале културна, просветна и добротворна активност, со задача за морално и материјално помагање на македонските емигранти и бегалци, истовремено служејќи и на каузата на легалното ослободително движење и решавање на македонското прашање. Преку создавањето на добротворни фондови го поддржувале развојот на емиграцијата во сите сфери на јавниот живот, или пак индивидуалниот развој на поединци, најчесто студенти и млади луѓе. Трудот ги опфаќа добротворните фондови на македонските братства и индивидуални фондации во периодот од крајот на 19 и првата половина на 20 век. Клучни зборови: македонска емиграција, братства, добротвори, добротворни фондации.
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/32671/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:32671
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/32671/1/Kniga%20so%20apstrakti.pdfIdentifier: https://eprints.ugd.edu.mk/32671/2/naslovna.PDFIdentifier: Josimovska, Verica (2023) Добротворната улога на македонските мигрантски организации. In: Прва меѓународна научна конференција: „Македонија крстопат на епохи, цивилизации и култури“. Институт за историја и археологија, ФОН, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Факултет за образовни науки, Штип.