Subject: Agricultural biotechnology
Year: 2023
Type: Book
Type: PeerReviewed
Title: Растителна вирологија - општ дел
Author: Arsov, Emilija
Author: Mitrev, Sasa
Abstract: Вирусите во последните две децении заземаат сѐ поважно место во систематизацијата на патогените и претставуваат важна група на микроорганизми за теоретско проучување и лабораториски истражувања. За успешно проучување на основните карактеристики на вирусите, за потребите не само на студентите кои се специјализираат во областа на вирологијата, но и за сите оние кои прават лабораториски истражувања, како и за производителите на различни земјоделски култури, се наметна потребата од ова издание за растителните вируси. Основната содржина на книгава се состои од проучување на: општи карактеристики на вирусите, однос помеѓу вирусите и растенијата домаќини, епидемиологија и мерки и начини на уништување на вирусите. Учебникот Растителна вирологија – општ дел, како наставно градиво пред сѐ е наменето за студентите од првиот циклус на студии на Земјоделскиот факултет - на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата, како и за студентите на студиската програма Биологија, за да може покрај познавањата од Општа фитопатологија, своето знаење да го продлабочат во областа на вирологијата (наука меѓу живо и неживо). Во однос на јазикот и стилот на пишување, книгата може да послужи и на пошироката стручна јавност и сите оние кои имаат интерес во растително производство, со цел да се запознаат со дел од проблемите со кои може да се соочат при производството.
Publisher: Универзитет "Гоце Делчев" - Штип, Земјоделски факултет
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/32591/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:32591
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/32591/1/%D0%A3%D1%87%D0%B5%D0%B1%D0%BD%D0%B8%D0%BA%20%D0%A0%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B0%20%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0%20-%20%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%20%D0%B4%D0%B5%D0%BB.%202023%20%D0%A4%D0%98%D0%9D%D0%90%D0%9B%D0%9D%D0%9E.pdfIdentifier: Arsov, Emilija and Mitrev, Sasa (2023) Растителна вирологија - општ дел. Универзитет "Гоце Делчев" - Штип, Земјоделски факултет. ISBN 978-608-277-001-7