Subject: Health sciences
Subject: Other medical sciences
Year: 2023
Type: Conference or Workshop Item
Type: PeerReviewed
Title: Изработка и имплементација на ефективни стандардни оперативни постапки во фармацевтската индустрија
Author: Simonovski, Nikola
Author: Gjorgjeska, Biljana
Abstract: Стандардните оперативни постапки (СОП-ови) претставуваат инструкции кои се пишуваат чекор-по-чекор, со цел правилно спроведување на постапката/активноста за која се изработени. Овој тип на документи се наменети да обезбедат конзистентност на постапката, точност и квалитет на производот/податоците кои произлегуваат по завршувањето на постапката/активноста. СОП-овите се нераздвоен дел од Системот за управување со квалитет (QMS) на една фармацевтска компанија. Обуката на персоналот според стандардните оперативни постапки, заедно со проценката за ефективноста на обуката, преставуваат суштински услови кои се воедно и барање на Добрата производна практика. Ефективноста на стандардните оперативни постапки е резултат на правилен избор на лица кои ќе ја изработат, проверат и одобрат постапката. Овој тип на документи, како и останатите кои се дел од Системот за управување со квалитет, треба да бидат напишани во согласност со правилата кои се наведени во Добрата документациска практика. Правилната обука на засегнатиот персонал, а со тоа и имплементацијата на документот во рамки на организацијата, ја засилува ефективноста на стандардните оперативни постапки. На крајот треба секогаш да имаме стандардни оперативни постапки кои се редовно ревидирани и актуелни и ќе ја следат постапката/активноста за која и се напишани. Клучни зборови: оперативна, постапка, СОП, стандардна, фармацевтска индустрија
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/32291/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:32291
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/32291/1/kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija-extract.pdfIdentifier: https://eprints.ugd.edu.mk/32291/2/CREATION%20AND%20IMPLEMENTATION%20OF%20EFFECTIVE%20STANDARD%20OPERATING%20PROCEDURES%20IN%20THE%20PHARMACEUTICAL%20INDUSTRY.pdfIdentifier: Simonovski, Nikola and Gjorgjeska, Biljana (2023) Изработка и имплементација на ефективни стандардни оперативни постапки во фармацевтската индустрија. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.