Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Chemical sciences


Year: 2023


Type: Experiment
Type: NonPeerReviewed



Title: Теоретска анализа на иреверзибилна ензимска инактивација на почетната редокс активна форма во техниката протеин-филм волтаметрија


Author: Gulaboski, Rubin



Abstract: При физиолошки услови, редокс протеините и ензимите често подложат на процеси на неповратна инактивација. Во ова истражување, волтаметријата на протеински филм со квадратно-бранова волтаметрија е применета за да се анализираат електрохемиските карактеристики на липофилните редокс протеини и ензими. Во теоретскиот модел за овој механизам, почетната редокс форма на дадениот редокс ензим истовремено учествува и во електрохемиска трансформација на површината од работната електрода и во неповратна хемиска реакција на инактивација. Студијата нуди детална табелација која издвојува карактеристични волтамограми, помагајќи притоа на читателите да го идентификуваат овој електроден механизам и да го разликуваат од феноменот на губитокот на филмот во волтаметријата на протеински филм. Покрај тоа, предложени се неколку соодветни пристапи за определување на кинетиката на двата процеси вклучени во електрохемискиот механизам. Овие наоди се наменети да им помогнат на експериментаторите во областа на волтаметријата на протеински филм (PFV) во точно дефинирање на разгледуваниот електроден механизам.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/32068/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:32068
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/32068/1/1-1-MS%20Protein-film%20inhibition%20in%20SWV%20aug%202023.pdf
Identifier: Gulaboski, Rubin (2023) Теоретска анализа на иреверзибилна ензимска инактивација на почетната редокс активна форма во техниката протеин-филм волтаметрија. [Experiment] (Unpublished)



TitleDateViews
Теоретска анализа на иреверзибилна ензимска инактивација на почетната редокс активна форма во техниката протеин-филм волтаметрија2023824