Title: Анализа на моменталната состојба со жетвените остатоци во брегалничкиот регион
Author: Mihajlov, Ljupco
Abstract: Монографијата „Анализа на моменталната состојба со жетвените остатоци“ е изработена по барање на Здружение на жени земјоделки Агро-Винка од Виница заради спроведување на проектот „Добра земјоделска пракса – богат биодиверзитет (Фаза II)“. За реализација на оваа активност е одговорен Центарот за развој на Источен плански регион - Штип, како стратешки партнер на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП),проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) кој е координиран од Фармахем-Скопје. Овој документ е изработен заради анализирање на законската регулатива, праксата на фармерите, алтернативните пристапи за користење на сламата, дополнителните финансиски импликации кај фармерите за собирање на сламата како и давање предлог-мерки за одржливо управување со жетвените остатоци кои ќе бидат доставени на работната група како база за креирање на мерките.
Publisher: Здружение на жени земјоделки Агро-Винка од Виница