Subject: Political Science
Year: 2021
Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed
Title: Премрежијата на едно судбоносно време за Македонија политички статии, колумни и интервјуа за едно време и иднина (втор дел)
Author: Andonov, Oliver
Abstract: Вовед Ова Монографија е продолжение на претходната која беше издадена во 2018 година, а како одраз на исклучително важните и пред се трауматични собитија за Македонската нација и држава во периодот од 2018 до крајот на 2020 година. Несомнено, читателот или истражувачот на Македонската современа историја во некои идни времиња, ќе треба да ги надоврзе случувањата опишани во првата Монографија со ова како неделив нејзин продолжеток. Впрочем, историјата на еден народ може да се подели на периоди или епохи, но таа останува нераскинлива нитка вткаена во колективната меморија на народот при што минатите времиња и случувања оставаат силен печат врз современите и идни случувања. Не постои народ (или барем јас не сум сретнал, дури и низ историските проучувања) кој толку апатично и инертно се однесува кон својата самобитност и државност, дозволувајќи на секакви криминални ништожници да го уриваат нивниот вековен копнеж и нивната вековна борба за национална, државна и духовна слобода, како што е тоа случајот со Македонскиот народ во последниве години. За жал, оваа тенденција продолжува со намера да стане печат (обележје) на една неславна и ужасна декада на национални порази и разнебитување на Македонската нација, држава и црква. Нешто сосема спротивно од нормалната цел на секој народ, а тоа е создавање на сопствена национална држава и себе впишување во листата на историски и современи светски нации. Тоа е процес кој трае со децении, а во нашиот случај со векови, додека процесот на разнебитување кои се одвива пред наши очи се одвива со молскавична брзина во последниве неколку години. При тоа, сите ние не реагираме соодветно и сме како парализирани, не само физички туку што е пострашно и духовно и интелектуално. Ова Монографија пред се, ја отсликува политичката, националната и етичко-духовната паднатост на Македонската политичка елита во перодот од 2018 до крајот на 2020 година, односно периодот на владеењето на СДСМ и Зоран Заев, период одбележан со безброј национални порази, анационалност, недржавност, но и со енормно изразен криминал со активно учество и поддршка на елитата на власт, а неспособност на опозицијата претставена во ВМРО-ДПМНЕ и персонифицирана од нејзиниот претседател Мицкоски за конкретно и успешно спротивставување на ужасните политики на СДСМ и Заев. Во исто време, низ колумните може да се забележи и алузија на однесувањето на опозицијата или ВМРО-ДПМНЕ која упорно (намерно или ненамерно, на читателот, но и на историјата ќе остане да го утврди тоа) не ја „симнува маската од очите“. 2 Дел од колумните во монографијата не се објавени во медиумите од разни причини, а дел по нивното објавување беа блокирани за да не бидат достапни до читателите. Ова е одлука на цензурата и притисок од поедини „авторитети“ врз медиумот или порталот, а со едноставна забелешка, да не допре гласот на разумот и освестувањето до граѓаните за антинационалната дејност на некои лажни авторитети во Македонија задскриени зад политичките функции и партиската „моќ“ поткрепена со валкани пари. Искрено се надевам дека ова Монографија во континуитет со првата Монографија ќе придонесе кон ново согледување на вистинските збиднувања во Македонија преку дневно-политичките теми кои всушност имаа долгорочни и стратешки последици врз целото Македонско општество.
Publisher: Oliver Andonov
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/30906/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:30906
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/30906/1/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%BC%D1%80%D0%B5%D0%B6%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%20%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B1%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%20%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B8%2C%20%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BC%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%20%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B2%D1%98%D1%83%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%20%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%20%D0%B8%20%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%28%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%20%D0%B4%D0%B5%D0%BB%29.pdfIdentifier: Andonov, Oliver (2021) Премрежијата на едно судбоносно време за Македонија политички статии, колумни и интервјуа за едно време и иднина (втор дел). Other. Oliver Andonov, Skopje.
Identifier: ISBN 978-608-65457-3-4