Subject: Art (arts, history of arts, performing arts, music) Year: 2021
Type: Performance Type: NonPeerReviewed
Title: „Моцарт и кларинетот“ Концерт на Бранко Павловски на кларинет и ансамблот Полифонија на Фестивалот Скопско лето 2021
Author: Pavlovski, Branko
Abstract: На програмата на Фестивалот Скопско лето 2021 на 24 Јуни на концертот насловен „Моцарт и кларинетот“ беа изведени најпознатите ремек дела од В.А. Моцарт компонирани за кларинет и камерен состав каде кларинетот се јавува како соло и камерен инструмент: Кларинет квинтетот К581 за кларинет и гудачки квартет и „Кегелштат“ трио К498 за кларинет, виола и пијано. На кларинет настапи Бранко Павловски и ансамблот Полифонија под раководство на Сања Шуплевска-Бориал на виолина со гости од Германија: Јулија Хагер на пијано, од Канада: Кирил Калмиков на виолончело и од Србија: Станислава Алаѓозовски на виолина и Сашка Стојанов-Крстиќ на виола.