Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Languages and literature


Year: 2021


Type: Article
Type: PeerReviewed



Title: Антејскиот потенцијал во прозата на Конески


Author: Karanikolova-Cocorovska, Lusi



Abstract: Во оваа статија правиме обид за интерпретација на Антејскиот потенцијал во прозата на Конески. Се фокусираме на расказите „Лозје“, „Прочка“ и „Песна“ и на две записки од книгата „Дневник по многу години“: „Беласица“ и „Бавча“. Идејата за една ваква тема, во годината во која го обележуваме многузначајниот јубилеј – 100 години од раѓањето на академик Блаже Конески, доаѓа од повеќе страни: најнапрад, основната, семантичка доминанта на севкупното негово литературно творешто, поврзаноста и произлезноста на тоа творештво од домашната, македонска почва, врската со традицијата и, секако фактот што прозата на Конески е послабо проучувана. Во таа смисла, можеби оваа статија дава скромен придонес, но ни се чинеше најсоодветна за овој повод. Овде правиме обид за доловување на суптилната поврзаност на Конески со татковинското, патриотското и мајчинското. Во прозните текстови што ги одбравме за прочит и анализа од ваков аспект, Антејскиот капацитет се рефлектира најмалку двојно-татковински и мајчински. Препознавањето на Антејската сила се движи или по национална, патриотска линија, или пак за него земјата македонска е мајка – родилка. Прозните ентитети со ваков потенцијал (зборови, синтагми и реченици) се изолирани и интерпретирани семантички и контекстуално. Впрочем, ништо ново не се кажува, ако веќе се знае дека имено, речиси и да не постои песна, расказ, запис од Конески каде родната грутка не е барем асоцирана. Оттука и потребата таа врска да биде наречена Антејска, Бездруго, прозата на Конески има таков потенцијал.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/29220/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:29220
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/29220/1/Lusi%20Karanikolova%20trud%20Spektar%202021.pdf
Identifier: Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2021) Антејскиот потенцијал во прозата на Конески. „Спектар“, меѓународно списание за литературна наука, Институт за македонска литература, Скопје. ISSN 0352-2423



TitleDateViews
Антејскиот потенцијал во прозата на Конески2021842