Abstract: На 15 октомври 2021 во ликовниот салон на ДЛУБ во Битола беше отворена изложбата „Интерактивни рефлексии“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од скулпторски дела од галериски формат, создадени со примена на техника на заварување на метал. Овие скулпторски дела се работено методички низ концентрирана перцепција и манипулација со формата. Најпрво се започнува со форми кои се произволни и низ процес на трансцендентална имагинација је дефинира формата како крајна дестинација. Завршниот впечаток се комплетира со дирегиран веризам, необична текстура, профилиран материјал и неочекувана трансформација на идеалната форма.