Subject: Other social sciences
Subject: Social and economic geography
Year: 2021
Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed
Title: Планински туризам (учебник, електронски извор)
Author: Dimitrov, Nikola
Abstract: Еден од најстарите видови патувања на луѓето е пешачењето, планинарењето, алпинизмот и скијањето кои како организирани активности за рекреација и спорт во планина се појавуваат во средината на XIX век од кога и започнуваат првите форми на планински туризам. Денес, планинскиот туризам игра важна улога во светскиот туризам. Преку учебникот, прв од ваков вид во нашиот простор, ја презентираме проблематиката на планинскиот туризам во светот и во нашата држава. Текстот што е презентиран е концепиран во три дела и четири теми. Првиот дел, Основи на планински туризам, составен е од една тема со четири наслови. Во темата и насловите од првиот дел се обработени: основните начела – поим, поделба и општи карактеристики на планините, потоа географската разместеност на планинските системи и осамените планини, факторите за развој на планински туризам, функционалната поделба на планините и планинскиот туризам, како и историски пресек – појава на планинарството и почетоците на планинскиот туризам. Втор дел, Регионална поделба на планинскиот туризам, составен е од две теми и пет наслови. Во темите и насловите од вториот дел опширно се обработени: географската разместеност по континенти на планинските системи, масиви, осамените планини и даден е посебен и студиозн опис на географската разместеност на седумнаесет големи планински туристички региони. Трет дел, Карактеристики на планинскиот туризам во РС Македонија, составен е од една тема и десет наслови. Во темата и насловите од третиот дел опширно се обработени: општите карактеристики на планинскиот релјеф, општите карактеристики на македонските планини, функционалната поделба на планините, обработени се првите искачувања на планините до појавата на планинискиот туризам, потоа функционалните активности на планинскиот туризам, ски центри и одморалишта, планинарските друштва и планинарските домови, регионалната поделба на планинскиот туризам, па менаџмент и маркетинг стратегии и економски придобивки од туризмот за развој на планинските региони, аво последниот наслов е посветен на стратегија за развој на планински туризам и туристичка инфраструктура во планините.
Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/29114/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:29114
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/29114/1/%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%20%D0%92.%20%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%20%282021%29%20%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC%2C%20%D1%83%D1%87%D0%B5%D0%B1%D0%BD%D0%B8%D0%BA%2C%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%20%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B0.....pdfIdentifier: Dimitrov, Nikola (2021) Планински туризам (учебник, електронски извор). Other. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. (Unpublished)
Identifier: 978-608-244-812-1